Системот за безбедност во Сочи одговара на светските стандарди

Системот за безбедност на Олимпијадата во Сочи одговара на светските стандарди, изјави шефот на Министерството за вонредни состојби, Владимир Пучков во разговор со новинарите. Според неговите зборови, обезбедувањето на Олимпијадата е најважната задача.

„Експертите од Министерството за вонредни состојби на Русија се подготвуваат за Зимската олимпијадата со ист напор како и спортистите“, нагласи министерот, додавајќи дека за безбедноста ќе бидат одговорни 23.000 лица.

Исто така, Пучков нагласи дека Министерството веќе поседува искуство за обезбедување на спортски објекти на големи меѓународни натпреварувања. Меѓу останатото, искуство беше добиено за време на Универзијадата во 2013 во Казањ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња