Русија подготвува три апарати за лансирање на Месечината

Русија подготвува за лансирање на Месечината три вселенски апарати. Ова го изјави Интерфакс, повикувајќи се на вице-претседателот на РАН, Лев Зелени, директор на институтот за вселенски истражувања при РАН.

„Првата етапа од нашата месечева програма веќе се реализира. Се финансираат работите околу создавањето на првите три вселенски апарати: „Луна-25“, „Луна-26“, „Луна-27““, изјави директорот, додавајќи дека истите ќе се реализираат во 2018 и 2019 година.

Според зборовите на Зелени, „Луна-25“ и „Луна-27“ треба да се спуштат на површината на Месечината и да изведат неколку тестови. „Луна-26“ ќе кружи околу природниот сателит на земјата, од каде вселенскиот апарат ќе пренесува податоци за сѐ што се случува на површината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.