За време на средбата на руските морнари од Воено-морската флота на Русија на крстосувачот „Петар Велики“ со кинеските морнари од бројот „Јан Чен“ беше договорено изведување на заеднички тактики вежби во Средоземното море. Ова го пренесува „Интерфакс“ повикувајќи се на конференцијата за печатот, организирана од Министерството за одбрана на Русија.
„Основните елементи на руско-кинеската воена вежба вклучуваат одработување на елементите на оперативната соработка, спротивставување на современите терористички опасности, а исто така изведување на заеднички спасувачки операции на море“, подвлечено е на конференцијата за печатот, на која беше додадено дека вежбите возможно е да започнат наскоро.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче