„Прогрес М-21М“ ја зголеми орбитата на МВС за 2 км

Средната височина на орбитата на Меѓународната вселенска станица е зголемена за речиси 2 км со помош на моторите кои се наоѓаат на транспортниот брод „Прогрес М-21М“, изјави за РИА Новости претставник на Роскосмос.

Корекцијата на орбитата на МВС, првоначално планирана за 16 јануари, беше откажана после добивањето на оперативна информација за приближување на вселенско ѓубре кон станицата.

Маневарот беше извршен со цел да се создадат оптимални балистички услови за да се соедини со МВС новиот товарен брод „Прогрес М-22М“, чие лансирање е планирано за 5 февруари од космодромот Бајконур во 20:23 часот по московско време. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња