Медведев смета дека намалениот економски раст во Русија е резултат на внатрешните проблеми во државата

Намалувањето на темпото на економски раст во Русија се случува поради внатрешните проблеми, а исто така и поради структурните и институционалните ограничувања, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

„Има и надворешни причини, секако, на пример, рецесијата во Европа, но тоа не е најглавното. Моменталното намалување на растот на руската економија е предизвикано пред сѐ од внатрешните проблеми во нашиот развој, од структурните и институционалните ограничувања кои не даваат да имаме сосема ново ниво на развој“, појасни Медведев.

Тој смета дека Русија има доволно висок степен на благосостојба, постепено приближувајќи се до ограничувањата за цената на работната сила, што може да доведе во појава на конкуренција со развиените држави кои исто така имаат висококвалифицирана работна сила и извезуваат високотехнолошки иновации. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња