Огромна плетена капа ќе ја пречека штафетата со олимпискиот оган во Тамбов, пренесува ИТАР-ТАСС.
Во нејзината основа е метален костур висок преку 6 метри, на кој што е навлечена зимска капа со боите на руското знаме. Овој проект е веќе испратен на редакцијата од Книга на рекорди заради регистрација. Факелот на Олимписките игри 2014 во Тамбов прва ќе го преземе Оксана Јевтејева, мајстор од интернационална класа во атлетика.
Вкупната должина на оваа етапа на штафетата изнесува 23 км. Факелот ќе го носат 190 учесници на штафетата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче