Стотина козаци од Кубањската козачка единица пристигнаа во Сочи поради чување на редот за време на Олимпијадата, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на претставник од козачката единица.
„Во Сочи веќе пристигнаа 410 козаци кои ќе учествуваат во чување на редот сѐ до завршување на Параолимписките игри“, изјави тој.
Според неговите зборови, козаците ќе ја вршат службата исклучително во козачка униформа и тоа заедно со полицијата.
Претставник на козаците истакна дека во овластувањата на козачките дружини спаѓа и легитимирање на лицата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче