Руската војска ќе добие напреден против воздушен систем во 2016 година

Руските вооружени сили ќе добијат напреден ракетен систем за воздушна одбрана Бук–М3, изјави во саботата шефот на Воздушната одбрана.

Руските вооружени сили  ќе добијат напреден ракетен систем за воздушна одбрана Бук–М3, изјави во саботата шефот на Воздушната одбрана.

„Сега сме на средина од планираното вооружување за замена на Бук–М1 со Бук–М2. Почнувајќи од 2016 година очекуваме да го добиеме Бук–М3“ – изјави на радио Ехо Москва, мајор Александар Леонов.

Бук–М3 е против воздушен ракетен систем земја – воздух со среден дострел, модернизирана верзија на системот Бук-М1 (според НАТО, СА-11 Гадфлај), поседува напредни електронски компоненти и може да се смета како комплетно нов систем.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња