Вкупната сума на склучени договори меѓу руската државна корпорација „Росатом“ со американските енергетски компании изнесува 11,5 милијарди долари, изјави Сергеј Кириенко во интервју за ИТАР-ТАСС.
„Проектот ВОУ-НОУ заврши во декември. Заклучно со денешниот ден, сумата на склучени договори со американските енергетски компании изнесува 11,5 милијарди долари. Од нив 5,5 милијарди се склучени директно со енергетските компании, а со сопствениците на атомските централи уште 6 милијарди долари“, изјави Кириенко.
„Најважно од сѐ е тоа што ја зачувавме довербата кај енергетски компании и продолжуваме со зголемување на испораките“, додаде Кириенко.
Тој додаде дека технолошкиот проблем за создавање гориво за реакторите со западен дизајн е веќе решен, па денес Русија „е во состојба да создава гориво не само за руските станици, туку и за американските“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче