Лукашенко: Сојузната држава може да стане пример за целиот свет

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Сојузната држава може да биде локомотива за сите интеграциски процеси на постсоветското пространство, може да стане пример и за другите држави.

„Локомотива за сите интегративни процеси на постоветското пространство била и останува Сојузната држава. Јас сметам дека ќе направиме сѐ што треба за да ја зачуваме оваа локомотива за да може таа во иднина да јуриша напред, да прикаже дека е возможна тесна соработка не само на постсоветското пространство, туку и од Лисабон до Владивосток“, изјави Лукашенко на конференцијата за печатот.

Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија е создадена во 1997 година врз основа на Договорот за создавање на Сојузна држава од 1996 година - интеграциски проект кој е насочен кон организација на заеднички политички, економски, воен, царински, валутен, правен, општествен, културен живот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.