Лавров: Членките на НАТО имаат фобија од Русија

Членките на НАТО имаат фобија од Русија, предизвикана од времето на Студената војна, смета министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Членките на НАТО имаат фобија од Русија, предизвикана од времето на Студената војна, смета министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Донесувањето одлуки мотивирани од фобиите на минатите епохи не е продуктивно ниту далековидно“, изјави Лавров во интервју за телевизискиот канал RT.

Шефот на руското Министерство за надворешни равоти нагласи дека Москва е заинтересирана за соработка со соседите, но и за развој на односите со сите земји на НАТО.

„Меѓутоа, кога тие земји се соберат во рамките на Северноатлантската алијанса, веднаш започнува да се појавува фобија од Русија“, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.