Ракетата-носач „Рокот“ е лансирана од космодромот Плесецк

Ново лансирање од космодромот Плесецк.

Ракетата-носач „Рокот“ со забрзувачкиот блок „Бриз-КМ“ со три воени сателити беше лансирана ноќва од космодромот Плесецк, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на Дмитриј Зенин, претставник од Министерството за одбрана на Русија.

„Лансирањето на ракетата од лесна класа „Рокот“ беше извршено во 1:31 (по македонско време) од лансирната рампа број 3 во државниот космодром Плесецк“, изјави Зенин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња