Кудрин очекува раст на економијата во 2014 од 2%

Шефот на Комитетот за граѓански иницијативи, поранешниот шеф на Министерството за финансии на Русија, Алексеј Кудрин смета дека економскиот раст во следната година најверојатно нема да надмине 2%, но и тоа би било еден вид достигнување, земајќи го предвид овогодишниот раст, пренесува РИА Новости.

„Јас сметам дека растот ќе изнесува околу 2%, но може и помалку“, изјави тој на конференцијата за печатот. Притоа, официјалната прогноза на Министерството за економија и развој изнесува 2,5%.

Според зборовите на Кудрин, 2013 и 2014 година ќ бидат „најлоши“ од 2000-та наваму, не сметајќи ги кризните години, што може да се објасни со моделот на економијата, кој веќе е излитен, а новиот економски модел сѐ уште не почнал да функционира.

„Засега се наоѓаме во период на стагнација, и тоа, за жал, е реалност. Не гледам дека владата презема некои конкретни мерки... Гледаме дека две години се изгубени“, забележа тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња