Анкета: 4% од Русите ќе одат во странство за новогодишните празници

54% од Русите ќе ги поминат новогодишните празници дома.

Повеќето Русите ќе ги поминат новогодишните одмори дома, се кажува во новото истражување на порталот Superjob.ru. Ќе патуваат по Русија или во странство само 4% од анкетираните. Исто толку анкетирани изјавиле дека ќе одмараат на викендичка.

Уште 6% од анкетираните изјавија дека ќе ги поминат празниците на гости, 2% ќе најдат друг начин на одмор.

За 14% од анкетираните новогодишна прослава нема ни да има, бидејќи ќе работат за време на новогодишната вечер или во текот на новогодишните празници.

54% од Русите ќе ги поминат новогодишните празници дома. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња