Медиуми: Путин го помилува Ходорковски бидејќи во него не гледа опасност

Рускиот претседател Владимир Путин го помилува својот најголем политички соперник кој се наоѓаше во затвор. Тоа сведочи за тоа колку комфорно Путин се чувствува на власт, пишува The Time.

Рускиот претседател Владимир Путин го помилува својот најголем политички соперник кој се наоѓаше во затвор. Тоа сведочи за тоа колку комфорно Путин се чувствува на власт, пишува The Time.

Путин со своето решение сака да покаже дека не гледа никаква опасност за својата власт - дури и од човекот кој може да ги сплоти силите на опозицијата, се кажува во статијата.

Во руските политички кругови било решено дека Ходорковски нема да биде ослободен до парламентарните избори во 2016 година, па дури и до претседателските во 2018 година. Ризиците за сплотување на опозицијата во кампањите за тие избори беа премногу големи за Кремљ.

Сепак, после последните победи, изгледа дека се намали видувањето на Путин за тоа што е ризик, а што не.

Додека Ходорковски лежеше во затвор, во Русија многу нешта се променија. Милијардерите или станаа лојални на Путин, или избегаа од државата. И на крај, годинава Западот не е во состојба и не сака да предизвика уште една борба на дипломатската арена. Со тоа, претседателот на Русија, чија популарност и понатаму останува голема, не гледа никаква опасност за своето владеење и може да си дозволи да покаже малку милосрдност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.