Американскиот генерал Мајкл Кери, кој беше на чело на ракетните единици за стратешка намена, е отпуштен поради „грубо и недостојно“ однесување за време на службениот пат во Русија, пренесува Военото воздухопловство на САД.
Тој консумирал алкохол и покажувал грубост кон претставниците на земјата во текот на заедничките вежби кои се одржани на територијата на Русија во јули годинава, пренесува ИТАР-ТАСС.
Раководството на Пентагон го отпушти Кери уште во октомври. Тоа било познато и претходно, но некои детали од случајот „пијанство“ се објавени дури сега.
Познато е дека Кери за време на престојот во Русија стапил во контакт со некоја странка, која, според него, „предизвикувала сомнежи“ во поглед на безбедноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче