Перу ќе купи од Русија воени хеликоптери за 500 милиони долари

Раководството на Перу ги заврши преговорите со Русија за купување воени хеликоптери.

Раководството на Перу ги заврши преговорите со Русија за купување воени хеликоптери. Станува збор за хеликоптерите Ми-171Ш. Како што пишува рускиот весник „Комерсант“, договорот се однесува на купување 24 хеликоптери за 500 милиони долари. Ова е еден од најголемите воени договори меѓу двете земји.

Хеликоптерите ќе се појават во редовите на перуанската армија следната година, а истите ќе служат за борба со нелегалната трговија со дрога. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња