Ракетните сили на Русија до 2015 ќе добијат „Панцири“, способни да соборуваат беспилотни летала

Модернизираните зенитно-ракетни комплекси „Панцир-С“ за поефективна борба со беспилотните летала до 2015 година ќе стапат во редовите на ракетните војски на Воено-воздушните сили на Русија, изјави за новинарите Игор Климов, претставник од Министерството за одбрана на Русија.

„Во моментов во одредите започна модернизација на овие уникатни машини со зголемена ефективност во борбата против беспилотните летала. Се адаптираат занитно-ракетните комплекси за работа во услови на ниски температури“, изјави Климов.

Зенитно-ракетниот комплекс „Панцир-С“ е наменет за непосредно уништување на објекти на земја и воздух (20 километри на земја, 15 километри во воздух), кои патуваат со брзина до 1.000 метри во секунда во услови на радиоелектронски пречки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња