Новата руска ракета-носач од лесна класа „Сојуз-2.1.В“ со блокот „Волга“ и студентскиот сателит „Аист“ е поставена на стартната позиција во космодромот Плесецк, изјави за РИА Новости Дмитриј Зенин, претставник од Министерството за одбрана.
Лансирањето на оваа ракета е предвидено за 23 декември.
Космичкиот апарат „Аист“ е создаден од студенти и млади научници во Самарскиот државен аерокосмички универзитет и специјалистите на „ЦСКБ-Прогресс“. Апаратот ќе служи за мерење на геомагнетното поле на Земјата, но и други, анализи на честички од природно и вештачко потекло.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче