Московскиот институт за топлинска техника (МИТ), кој ја создаде меѓуконтиненталната балистичка ракета „Булава“, ќе ја заврши работата над проектот „железнички ракетен комплекс“ (БЖРК) во првата половина на 2014 година.
Овој проект се појави како одговор на програмата на инстантен одговор, глобален удар од страна на САД, изјави за новинарите полковникот Сергтеј Каракаев.
Станува збор проект на САД кој ќе овозможи земјата за еден час од моментот на донесување решение да уништи било кој објект во било која точка на Земјата.
„Од раководството на Министерството за одбрана беше претставен извештај на врховниот командант и беше поставена задача да се реализира истиот во рамките на државната програма за вооружување. Главен извршител на проектот е МИТ, а рокот за завршување е првата половина на 2014 година“, изјави Каракаев.
Советскиот БЖРК беше симнат од вооружувањето во 2005 година поради договорот за намалување на стратешкото вооружување, потпишано во 1993 година. Новиот договор СНВ-3 не предвидува забрана за создавање нови ракетни комплекси како БЖРК.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче