МНР на Русија ја нарече „хистерија“ реакцијата на Западот за решението на Киев околу ЕУ

Москва е изненадена од реакцијата на Западот за сувереното решение на Украина да го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Изненадува реакцијата која се граничи со хистерија по повод сувереното решение на легитимните власти на Украина. Што направи владата на Виктор Јанукович? Да не случајно излезе од Договорот за неширење на нуклеарното оружје? Или, да не изјави дека сака да создаде нуклеарна бомба? Да не стрелала некого?“, изјави Лавров во интервју за телевизискиот канал „Русија 24“.

Според зборовите на министерот, владата на Украина ја искористила својата легитимна компетенција, бидејќи имено извршната власт донесува решение дали да се потпише или да не се потпишува некој меѓународен договор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња