Руската армија до крајот на годината ќе добие уште 20 тенкови Т-72Б3

Околу 20 модернизирани тенкови Т-72Б3 ќе добие руската армија до крајот на оваа година, изјави за новинарите Кирил Киселев, претставник на одделот за конференции за печат при Министерството за одбрана на Русија.

Тој појасни дека во текот на оваа година веќе се испорачани преку 250 модернизирани тенкови Т-72Б3.

„До крајот на годината се планира испорака на уште 20 единици од оваа техника“, изјави Киселев.

Тенкот Т-72Б3 е модернизирана варијанта на тенкот Т-72 до ниво на Т-90. На него е инсталиран најновиот систем за управување со огнот преку дигитални многуканални системи за наведување на стрелбата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.