Руските подморници ќе бидат оспособени за пробивање на дебелиот арктички лед

Министерството за индустрија и трговија на Русија донесе одлука да се зголеми борбената ефикасност на подморниците на Арктикот, пренесува „Известија“.

Министерството за индустрија и трговија на Русија донесе одлука да се зголеми борбената ефикасност на подморниците на Арктикот, пренесува „Известија“. Во план е до 2015 година да се опремат подморниците со нови елементи и конструкции, со што нивниот труп ќе може да го пробие дебелиот лед на Арктикот без опасност од оштетување на трупот.

Како што објасни претседателот на петербуршкиот клуб на подморничари, Игор Курдин, предвидени се два метода за излегување на подморниците на површината - со помош на моторот, или без моторот.

Според неговите зборови, современите руски подморници во просек можат да пробијат 0,6 метри лед без помошта на моторот, а доколку се користи моторот - до 0,8 метри.

Првите додатоци треба да бидат инсталирани на подморниците до 2016 година. За реализацијата на овој проект ќе бидат изделени 285 милиони рубљи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња