Медведев: Украина сама треба да си ги решава своите проблеми, а не другите држави

Учеството на претставници од другите држави во случките во Киев е класично мешање во внатрешните работи на Украина, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Учеството на претставници од другите држави во случките во Киев е класично мешање во внатрешните работи на Украина, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Во Киев и другите региони на Украина од 21 ноември има постојани акции на приврзаниците за евроинтеграции, незадоволни од решението на владата на Украина за стопирање на подготовките за потпишување на договорот за асоцијација со ЕУ. Во саботата специјалните единици на МВР на Украина, „Беркут“, ги избрка протестантите во центарот на Киев. Овој приказ на сила предизвика голем општествен притисок.

„Еве, јас не знам како би се чувствувале германските партнери доколку министерот за надворешни работи на Русија би заминал на некое собиралиште кое се одржува во спротивност на германските правила. Не мислам дека тоа би го сметале за дружељубив чекор, иако е правилен. Среќавање - во ред, но учество во таквите акции, извинете, тоа е мешање во внатрешните работи“, изјави Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња