60% од Русите сметаат дека информациите за платите на соработниците треба да биде позната на сите, сведочат податоците од анкетата на Фондот за општествено мислење (ФОМ).
Според анкетата, 60% од Русите се за откривање на тоа колкави се платите на соработниците во компаниите и претпријатијата. Повеќе од 40% сметаат дека работниците треба да ја знаат големината на платата на своите претпоставени.
Околу 15% од анкетираните сметаат дека информацијата за платите на раководителите дава можност да се процени правичноста на распределбата на платите.
„Речиси половина од анкетираните (46%) сметаат дека кај нив на работа постојат лица кои добиваат помалку отколку што заслужуваат“, се соопштува во текстот на анкетата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче