ЕУ против „Јужен тек“?

Европската комисија за прв пат започна отворена битка против рускиот проект „Јужен тек“. „Гаспром“ е обвинет за нарушување на законодавството на ЕУ.

Европската комисија за прв пат започна отворена битка против рускиот проект „Јужен тек“. „Гаспром“ е обвинет за нарушување на законодавството на ЕУ.

На компаниите може да им биде забрането да го користат гасоводот, а експертите веруваат дека обвинувањата од Европската комисија се само ехо на конфликтот кој постои околу Украина, која го замрзна договорот за асоцијација.

Според Европската комисија, договорите кои се потпишани од страна на земјите низ кои ќе поминува гасоводот или во кои ќе бидат изградени краци - не соодветствуваат со законодавството на ЕУ и треба да бидат ревидирани.

Станува збор за недопуштање на други доставувачи на гас, односно функционирање на „Гаспром“ како единствен доставувач на гас по гасоводот.

Според мислењето на шефот на East Erupean Gas Analysis, Михаил Корчемнкин, „Гаспром“ може лесно да ги исполни барањата на Европската комисија, продавајќи половина од гасот во Варна (Бугарија) - на излезот од европскиот дел на „Јужен тек“. Тогаш гасот ќе го промени сопствените, со што барањата на Европската унија ќе бидат исполнети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња