Потенцијалот за раст на руската економија е речиси исцрпен. Министерството за економски развој повторно ја намали прогнозата за раст на БДП на Русија – од 1,8 на 1,4%. Доларот и понатаму ќе расте, како и невработеноста и цените на стоките и услугите.
Во апсолутни бројки, БДП на Русија годинава ќе изнесува околу 1,48 трилиони евра. Растот на индустриското производство ќе биде 0,1%. Планиран е и помал раст на платата во 2013 година – од 6,5 до 5,2%.
Позитивното салдо во трговијата за годинава ќе изнесува 31 милијарди долари, а невработеноста ќе се зголеми за 0,1% и ќе изнесува 5,8%. Во апсолутни цифри – тоа е раст на невработеноста за 100.000 годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче