Русија има намера да го постави прашањето за почитувањето на правата на човекот во САД и ЕУ за време на заседанието на Советот на министри за странски работи во ОБСЕ на 5 и 6 декември, изјави Марија Захарова, заменик директор во одделот за информација и печат при МНР на Русија.
„Руската страна ќе го насочи вниманието кон ситуацијата со правата на човекот во САД и ЕУ. Актуелен проблем е мешањето во личниот живот на граѓаните, прислушувањето на разговорите и читање на кореспонденцијата“, изјави Захарова.
Русија исто така планира да го заостри вниманието на опасноста „која доаѓа од државите во Јужното Средоземноморје“, која во иднина само ќе расте, додаде Захарова.
„Ќе настојуваме да се зборува и за почитувањата на правата на националните малцинства, вклучувајќи ги и правата на Русите во Летонија и Естонија.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче