Русија воведе санкции кон Северна Кореја

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за воведување санкции кон Северна Кореја кои Советот за безбедност во ООН ги изгласа во март годинава, пренесува агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на официјалниот портал за правни информации.

Сега во Русија на сите државни, трговски и индустриски претпријатија им е забрането на Северна Кореја да ѝ даваат било каква техничка или консултативна помош во производството на балистички ракети, на севернокорејските бродови ќе им биде забрането да запловуваат во пристаништата доколку не се согласат на контрола, а властите ќе треба повнимателно да работат со севернокорејските дипломати.

Северна Кореја во 2005 година објави дека станува нуклеарна сила, а во 2006, 2009 и 2013 изврши подземни нуклеарни тестирања кои ја изненадија и предизвикаа протест кај меѓународната заедница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња