Во рускиот град Самара ќе се појави бесплатно такси за инвалидите

Бесплатно такси за инвалидите ќе се појави во Самара следната година, пренесува извор од градската администрација.

Бесплатно такси за инвалидите ќе се појави во Самара следната година, пренесува извор од градската администрација.

„Граѓаните со намалена мобилност ќе можат да заѕвонат и да побараат мини-автобус за потребната дестинација. Автобусот ќе биде специјално опремен за луѓето со ограничени можности“, информираат од градската администрација.

Механизмот на работа на „социјалното“ такси и начинот на кој ќе се дава оваа услуга во моментов се создава заедно со општествените организации. Персоналот кој ќе управува со автобусите ќе треба да помине низ специјални обуки.

Во рускиот град Самара не постои ниту едно такси за граѓани со намалена мобилност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња