На изложба за фина уметност во Русија прикажани две дела на Бенкси

Седмата Московска меѓународна изложба за фина уметност , на која се изложени уметнички предмети во вредност од половина милијарда евра, започна во петокот во павилјонот „Форум“ во Москва.

Седмата Московска меѓународна изложба за фина уметност , на која се изложени уметнички предмети во вредност од половина милијарда евра, започна во петокот во павилјонот „Форум“ во Москва.

За широката публика пристап кон уметничките дела ќе биде овозможен од 30 ноември до 4 декември.

Организаторите забележаа дека годинава на изложбата ќе учествуваат повеќе од 50 галерии од Русија и Европа.

Најмногу внимание се очекува да привлечат делата на современиот американски графити-уметник JonOne, Пикасо, Матис, Шагал, како и Бенкси, од кого ќе бидат претставени две дела со големи димензии (две дрвени врати на кои се насликани човеколики примати). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.