Лансирањето на европскиот телескоп „Гаја“ ќе се одржи на 19 декември, се кажува во соопштението од компанијата Arianespace.
Првоначално лансирањето на руската ракета „Сојуз-2.1б“ со телескопот „Гаја“ од космодромот Куру во Француска Гвајана беше планирано за 20 ноември. Сепак, европските специјалисти имаа потреба од дополнителни проверки на телескопот, па затоа лансирањето беше одложено.
Претходно како датум за лансирање беше наведен 20 декември, но поради навремените проверки, определен е точниот датум за лансирање – 19 декември во 9:12 часот по Гринич.
Вселенскиот телескоп „Гаја“ (Gaia, Global Astrometric Interformer for Astrophysics) е наменет за високоточни мерења на координати, како и движење на милијарди ѕвезди во нашата Галаксија. Освен тоа, негова задача е да создаде и тридимензионален модел на Млечниот пат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче