Австрија сака „Јужен тек“ да поминува низ нејзината територија?

Постои можност Австрија да се обрати до „Гаспром“ со иницијатива за изградба на „Јужен тек“ преку нејзината територија, изјави заменикот претседател на управата на „Гаспром3, Александар Медведев, пренесува РИА Новости.

„Во последно време на пазарот се зборува за желбата на австриската страна да ги обнови преговорите со Гаспром за Јужен тек. Секогаш сме отворени за дијалог. Ако австриската страна службено ја потврди иницијативата, задолжително ќе го разгледаме предлогот“, изјави тој.

Копнениот дел од гасоводот ќе поминува низ териториите на Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија. Крајната точка на гасоводот треба да биде Тревизо (Италија). Од главните делници ќе се изградат краци кон Хрватска, Република Срспка и Македонија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.