Руската воена морнарица ги доби првите морски ловци МиГ-29К

Руската воена морнарица ги доби првите четири палубни ловци МиГ-29К/КУБ.

Руската воена морнарица ги доби првите четири палубни ловци МиГ-29К/КУБ. Испорачани се два авиона со едно, и два авиона со две седишта. Планирано е до 2015 година морската авијација на руската воена морнарица да добие вкупно 24 вакви авиони ловци.

МиГ-29К е наменет за носачите на авиони со депласман од над 28.000 тони. Авионот може да развие брзина до 2.200 км/ч, а максималниот радиус на дејство му е до 1.500 километри. Овој авион како дел од вооружувањето има еден 30-милиметарски топ и седум лансери на ракети и авионски бомби. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња