Ракетата „Рокот“ ќе изведе во вселената нови сателити

Ракетата-носач „Рокот“ со три европски сателити Swarm, предназначени за изучување на магнетното поле на Земјата, ќе биде лансирана во текот на денешниот ден од космодромот „Плесецк“, изјави Дмитриј Зенин, претставник во Министерството за одбрана на Русија.

Ова ќе биде трето лансирање на ракетата-носач „Рокот“ оваа година од „Плесецк“. Лансирањето на оваа ракета со трите апарати беше закажано за ноември 2012, но потоа истото беше одложено за 14 ноември 2013, па за 22 ноември.

„Во петок во 13.02 по македонско време од космодромот ’Плесецк’ планирано е лансирање на ракетата-носач ’Рокот’ со забрзувачкиот блок ’Бриз-КМ’ и три европски вселенски апарати Swarm“, изјави Зенин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња