Во Ѕвездениот град недалеку од Москва ќе презентираат вселенски робот-адроид

Експертите од Центарот за подготовка на космонаути (ЦПК) „Гагарин“ завршија со тестирање на човеколик робот, кој се планира да се користи за исполнување на операции во отворена вселена. На 27 ноември овој робот ќе биде претставен на специјалистите и новинарите.

„Роботот SAR-401 е создаден од компанијата „Андроидна техника“ по нарачка на Централниот научно-истражувачки институт за изградба на машини. Со него може да се управува на далечина - оператор во костум ги исполнува сите неопходни движења кои се пренесуваат во механизмите на роботот“, појасни за РИА Новости претставник од ЦПК.

Андроидот е опремен со две раце на кои ќе може да се инсталираат повеќе видови опрема, но во стандардната имаат прсти како кај човекот. Освен тоа, тој ќе може да подигне маса до 10 килограми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња