Капетанот на Боингот 737-500 кој падна во Казањ ниту еднаш досега не извршил маневар за втор круг во реален лет, изјави генералниот директор на „Татарстан“, Аксан Генијатулин.
Генијатулин изјави дека капетанот имал акумулирано ноќно искуство од 1.000 и повеќе часови.
Според податоците за авионот, тој бил експлоатиран од страна на седум авиокомпании, меѓу кои и од Uganda Airlines (од летото 1995). Првиот лет овој авион го имал на 18 јуни 1990 година. Компанијата „Татарстан“ го користела авионот на лизинг од 18 декември 2008 година.
„Авиони кои порано се користеле во Африка веќе нема кај нас. Средната старост на нашите авиони изнесува 7-8 години“, изјави Генијатулин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче