Странците без визи и без дозвола за работа нема да можат да се наоѓаат на територијата на Русија повеќе од 90 дена во период од шест месеци, објави „Комерсант“.
Како што пренесува изданието, на 11 ноември проблемот околу емиграцијата бил на дневен ред на президиумот на државната погранична комисија на чело со Дмитриј Рогозин. Решено е до 2015 година да се создаде систем на електронски картички, според кои ќе може да се идентификува емигрантот.
„А наскоро ќе се подготват предлози за нормативно зацврстување на правила, според кои странците кои имаат право да влезат на територијата на Руската Федерација ќе можат да престојуваат во државата не повеќе од 90 дена во период од шест месеци“, соопштува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче