Министерството за одбрана на Русија во 2013 година ќе исполни 90% од предвидените нарачки, а „Росатом“ и некои други структури дури за 100%, изјави за новинарите вице-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.
„Во нашето министерство за одбрана располагаме со податоци за 90% исполнетост на нарачките, а одделни компании имаат дури 100% исполнетост“, изјави Рогозин, одговарајќи на прашањата на новинарите во Новосибирск.
Тој забележа дека од почетокот на реализацијата на оваа програма за вооружување, во светот се појавиле и се појавуваат нови разработки кои воената индустрија се обидува да ги внесе во постојниот план за набавка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче