Министерството за одбрана на Русија лансираше воен сателит од „Бајконур“

Од космодромот „Бајконур“ лансирана е ракета-носач од типот „Протон-М“ со сателит за потребите на Министерството за одбрана, соопшти официјален претставник на единиците на воздушно-космичката одбрана на Русија, полковник Дмитриј Зенин.

„Воениот сателит во орбитата ќе биде лансиран со помош на ракетата-носач ’Протон-М’ и забрзувачкиот блок ’Бриз-М’, што ќе трае околу 9 часа. Сателитот ќе го контролира и користи единица на воено-космичката одбрана“, изјави Дмитриј Зенин.

Според програмата на летот, првиот степен ќе се одвои и ќе падне во Казахстан, а вториот степен на Алтај, додека третиот – во Тихиот океан. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња