Конструктор: ракетата „Булава“ ги помина сите испитувања со „одличен 5“

Меѓуконтиненталната балистичка ракета „Булава“ за време на испитувањата прекрасно се покажа, земајќи ги предвид сите успешни и неуспешни досегашни лансирања, изјави во интервју за РИА Новости раководителот на конструкторското биро „Рубин“, Сергеј Суханов.

Тој појасни дека пред сериската ракета да се најде во подморниците, таа треба да помине цел циклус испитувања на земја и во море.

После неуспешното лансирање на „Булава“ од подморницата „Александар Невски“ на 6 септември оваа година, министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу донесе решение да се запре со вклучувањето на подморниците од проектот 955 „Бореј“ во Морнарицата и да се извршат пет дополнителни лансирања на овие ракети.

На подморниците од проектот 955 „Бореј“ предвидено е да се наоѓаат по 16 ракети „Булава-30“. Порано ракетите од овој тип можеа да носат до 10 нуклеарни блокови со индивидуално наведување и подобрени карактеристики при справувањето со ПВО. Радиусот на дејство на „Булава“ е 8.000 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња