Медведев: интернет-врската во Русија треба да биде брза и евтина

Неопходно е во најскоро време да се заврши со „дигиталната нееднаквост “ во Русија, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев на заседанието на владата во четвртокот.

Неопходно е во најскоро време да се заврши со „дигиталната нееднаквост “ во Русија, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев на заседанието на владата во четвртокот.

„Една од стратешките задачи на државата е во најбрз можен рок да се реши проблемот кој се нарекува „дигитална нееднаквост“. Од тоа доста зависи единството на информациското пространство во нашата држава, како и пристапот до нашите културни достигнувања, создавањето на соодветни сервиси во медицината, образованието и во трговијата“, изјави премиерот.

Притоа, „интернет-врската треба да биде брза, квалитетна и евтина“, вклучувајќи и на териториите кои се оддалечени од основните центри за развој на телекомуникациите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња