Повеќенаменската нуклеарна подморница „Северодвинск“, главната подморница од проектот 885 „Јасен“, ги започна државните испитувања. Во рамките на испитувањата треба да бидат проверени маневарските и брзинските карактеристики на подморницата, а ќе биде извршено и ракетно гаѓање. Руската воена морнарица потоа ќе донесе финална одлука за воведување на подморниците во служба.
Подморницата „Северодвинск“ го започна своето половење во 2010 година, а фабричките испитувања беа завршени во 2011 година. Севкупно подморницата помина неколку десетина илјади милји со повеќе од 100 нуркања и испливувања.
Во рамките на проектот „Јасен“ предвидено е да бидат изградени вкупно 7 нуклеарни подморници. Сите ќе бидат вооружени со 10 торпедни апарати со калибар од 533 мм и со лансери за крстосувачки ракети „Калибар“ и „Оникс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче