Три руски компании влегоа во првите десет најголеми енергетски корпорации во светот

Според ранг-листата на агенцијата "Platts", објавена на 30 октомври, три руски компании влегоа во првите десет најголеми енергетски корпорации во светот.

Според ранг-листата на агенцијата "Platts", објавена на 30 октомври, три руски компании влегоа во првите десет најголеми енергетски корпорации во светот. „Гаспром“ го зазеде четвртото место, „Лукоил“ седмото, а „Роснефт“ деветтото. Сите руски компании се качија на листата, а „Лукоил“ дури за четири места.

Во листата има 250 компании, а во неа се најдоа уште пет компании од Русија.

Ранг-листата се составува врз основа на неколку критериуми, меѓу кои и цената на активите, враќањето на вложениот капитал, профитот и приходите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња