Вице-премиерот Дмитриј Козак изјави дека од почетокот на 2013 година во рускиот главен град се појавиле околу 3,3 милиони гастарбајтери, пренесува РИА Новости.
„За 9 месеци годинава во Москва и Московската област дојдоа 3,3 милиони емигранти“, изјави Козак на заседанието на Советот за меѓунационални односи при претседателот Путин. Според оценката на Козак, во Санкт Петербург дошле 2,5 милиони емигранти.
Освен тоа, Козак забележа дека притокот на емигранти во Москва е поголем за 120 пати од бројот на оние кои заминуваат, додека во Санкт Петербург - 18 пати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче