Полицајците кои го претепаа службеникот на руската амбасада во Холандија „нема да бидат казнети“

Холандија нема да ги казни полицајците кои во Хаг го претепаа службеникот на руската амбасада, Дмитриј Бородин, изјави на 18 октомври премиерот на Холандија, Марк Руте. „Тоа нема да се случи. Полицијата нема никакви причини за тоа“, истакна Руте.

Во последно време односите меѓу Русија и Холандија беа нарушени од неколку непријатни случки. Покрај останатото, на 17 октомври непознати провалија во станот на службеник на руската амбасада. Исто така, ноќта меѓу 15 и 16 октомври непознати во Москва го претепаа службеникот на холандската амбасада - Он Елдеренбос, а претходно во Хаг беше претепан рускиот дипломат Дмитриј Бородин. МНР на Русија изјави дека Холандските власти треба да ги казнат одговорните за кршењето на меѓународното право и на семејството на Бородин да му ја компензираат моралната и материјалната штета. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња