Научниците открија астероид со пречник од 410 метри кој во 2032 година би можел да удри во Земјата. Астероидот доби ознака 2013 TV135 и е воочен на снимките на ѕвезденото небо направени во Кримската опсерваторија.
Откритието на новото небеско тело го потврди и руската опсерваторија „Ка-Дар“ и мрежа автоматски телескопи „Мастер“ во Бурјатија, како и астрономи од Италија, Велика Британија и Шпанија, пренесува агенцијата РИА Новости. Малата планета со пречник од 410 метри е вброена меѓу потенцијално опасните астероиди. Воедно, минималното растојание меѓу орбитите на астероидот и Земјината орбита изнесува 1,7 милиони километри.
Веројатноста дека овој астероид ќе удри во Земјата на 26 август 2032 година е 1:63000.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче