Литванија ќе биде принудена да се обрати во Светската трговска организација (СТО) доколку Москва не ги врати нејзините млечни производи на рускиот пазар, изјави на 16 октомври портпаролката на литванската претседателка, Дајва Улбинајте.
„Доколку напорите на ресорите од двете земји не родат плод, Литванија мора да биде подготвена да се обрати до Светската трговска организација. Поради тоа претседателката уште еднаш им наложи на ресорите во најкраток рок да достават на Европската комисија податоци за обраќањео до Светската трговска организација. Самата претседателка тоа прашање го покрена и пред европските и светските лидери, како и во ООН“, изјави Улбинајте, а пренесува РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче