Осомничениот за убиство во московскиот реон Бирјуљово е уапсен во Подмосковје

Осомничениот за убиството на младичот, поради кој на 13 октомври во јужниот московски реон Западно Бирјуљово избија улични нереди - уапсен е во градот Коломна на 120 километри од Москва, изјави за РИА Новости претставник на прес-центарот при Министерството за внатрешни работи на Русија.

„Осомничениот е уапсен од припадниците на крим-полицијата со поддршка на специјалниот одред за итни интервенции во МВР. Во тек е негово префрлање во Москва“, изјави соговорник за агенцијата.

На 15 октомври полицијата го утврди идентитетот на државјанинот на Азербејџан, кој најверојатно учествувал во убиството на Егор Шчербаков, соопшти за РИА Новости претставник на прес-службата во московската управа на МВР, додавајќи „Се работи за Орхан Зејналов Захит Огли, роден во 1982 година во Азербејџан.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.