Во односите меѓу Русија и НАТО постојат и позитивни и негативни моменти. Такво мислење изнесе генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт, Андерс Фог Расмусен на 59-то годишно заседание на Парламентарното собрание на НАТО во Дубровник.
„Постигнавме значаен напредок во односите со Русија во сферата на практичната соработка. Тоа се однесува на отстапувањето на транзитните коридори за потребите на операциите на НАТО во Авганистан, антитерористичките активности и борбата против пиратството“, изјави Расмусен и додаде: „Што се однесува до системот за противракетна одбрана, по тоа прашање нашите ставови уште се разидуваат, но се надевам дека ќе постигнеме компромис.“
„Отворено говорејќи, ако Русија треба да чувствува опасност, тогаш треба да се плаши од Југот, а не од Западот. Мислам дека конструктивната соработка со ЕУ и НАТО би била корисна за Русија“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче